еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 барал два милиони евра од бизнисменот Митровски, тврди адвокатот Бошков

Во Кривичниот суд на денешното рочиште за случајот „Рекет” сведочеше адвокатот Сашко Бошков, кој рече дека првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 барал од него пари за случаите кои ги водело тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) против неговиот кум бизнисменот Зоранчо Митровски.

Тој кажа дека остварил две средби со Јовановски на кои присуствувал и кошаркарот Владо Илиевски.

На првата средба зборувале за медиумска поддршка за избирањето на претседател на Кошаркарската федерација, а на втората Јовановски му кажал дека има неколку дела што се водат во СЈО за Митровски, кој му е кум и долгогодишен пријател на Бошков.

На таа средба, Бошков го прашал Јовановски, што може да направат за тие случаи, поврзани со „Бетон Штип“, на што Јовановски му рекол да даде два милиони евра за да се решат.

Бошков изреагирал бурно и по некое време си заминале со Илиевски од 1 ТВ, каде што се одржала средбата.

Сведокот по неколку дена му пренел на Митровски што било кажано на средбата, по што Бошков го советувал Митровски да пријави.

Митровски му рекол дека не смета оти треба да даде пари и пријавил за тоа што го побарал Јовановски.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судбината на предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Монструм“ и „Талир“ во рацете на Судскиот совет

Редакција

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со Мицкоски „на негово барање“

Редакција

Зибери: Гласав од посебна кабина затоа што не се чувствував добро, незнам дали сум позитивен на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница