еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска студено со слаб локален снег и северен ветер

Времето во текот на ноќта и утрово е умерено до значително облачно, а во северозападните делови со слаб локален снег. Дува слаб, а на повеќе места и умерен ветер од северен правец.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 7 часот најниска температура од -9 е измерена во Маврово. Во Крушево се измерени -8, Лазарополе -7, Крива Паланка и Берово -6.

Четири степени под нулата се измерени во Охрид, Претор и Виница, -3 во Струмица, -2 во Штип, Прилеп, Демир Капија, -1 во Битола, Тетово и Куманово, нула степени во Скопје и Дојран и 2 степена во Гевгелија.

Најмногу снег (7 сантиметри) утрово во 7 часот има во Попова Шапка и Маврови Анови и 1 см во Лазарополе.

УХМР за денеска најави променливо облачно и студено, со провејување слаб снег, особено на северот од земјава. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен северен ветер со брзина и над 70 километри на час.

Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер. И во делови од Скопската котлина повремено ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Уште двајца пациенти со корона вирусот заминуваат дома по успешниот третман со хемофилтрацијa во клиниката Жан Митрев

Редакција

Вкупно 431 граѓани во Македонија повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

Уште една жена почина по семејното труење со храна, мажот е пуштен на домашно лекување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница