еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Првпат во Македонија извршено породување во вода во болница во Битола

Лекарски тим на приватната гинеколошко-акушерска болница „Плодност“ синоќа во Битола го изврши првото породување на бебе во вода, метода која првпат се реализира во државава.

Мајката е од Битола, првата рожба е женско бебе или како што информираат од болницата, тоа е првото македонско бебе родено во вода во матичната држава.

– Ова е огромен успех за нашиот тим, кој после бројните обуки надвор од државата, имаше можност оваа метода да ја примени за првпат и во РС Македонија. Породувањето за мајката и за новороденчето со оваа метода носи голем број предности, кај мајката се намалуваат на родилните болки, кои траат пократко и се поефективни, со што се намалува потребата од обезболување.

Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик кој и дава комфор на родилката и на акушерките, велат од болницата.

Додаваат дека породувањето во вода важи за алтернативен метод, што често е применлив во клиниките во светот.

Фото: ПЗУ Болница „Плодност“- Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Монтинг енергетика“ го доби тендерот на ЕСМ за ремонт во РЕК Битола вреден 825.000 евра

Редакција

Убава вест: Оздравени 544 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

„Империја“ е нова истрага на СЈО: Вклучени семејството Камчеви, Мијалков и сопственикот на „Пелистерка“ Панделески

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница