еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Ќе остане незаборавна во улогата на Делфина: Почина актерката Неда Арнериќ

Една од најпознатата српски актерки Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст. Српските медиуми информираат дека Арнериќ била пронајдена мртва во нејзиниот стан, без знаци на насилство.

Безживотното тело на актерката го пронашол нејзиниот брат кој дошол во посета на сестра си.

Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера.

Според листата на ИМБД таа има играно во 117 филмови и серии, а Македонците вечно ќе ја паметат по улогата во филмот Исправи се Делфина од 1977 година.

Во 2010 година таа ја доби наградата за животно дело „Павле Вујисиќ“.

Фото/Видео:Dvenvno.hr/Youtube/Klasik TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Јапонскиот оперски пеjач Казухиро Котецу со македонски песни ја разнежни публиката на настанот за Светскиот ден на Вранецот

Редакција

(Фото) „Алкалоид” пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,8 милиони евра

Редакција

Договорот за извоз на житото преку Црно Море продолжен за уште 60 дена

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница