еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Опожарени автомобилите на пејачките Сузана Турунџиева и Ребека

Во пожарот кој избувнал околу 3 часот изутрина, а којшто пожарникарите го гаснеле еден час опожарени се возилата на пејачките Сузана Турунџиева и Ребека Јанковска – Ристески.

Нивните возила биле паркирани на паркинг кај ТТЦ Плаза во Скопје.

Турунџиева во изјава за телевизијата 24 вели дека рано утринава нејзиниот автомобил бил сериозно оштетен откако го зафатил пожар.

Освен нејзиниот, пожар го зафатил и автомобилот на нејзината колешка Ребека, вели Турунџиева.

Сѐ уште нема информација како дошло до пожарот, дали е подметнат и од кого, како и кои се мотивите.

Турунџиева нагласува дека таа нема долгови кон никого.

Фото: Фејсбук/Турунџиева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хит на Твитер: Ладнокрвно „мотање“ тутун сред жестоки протести за „Монструм“

Редакција

Проф. Трајковски: Луѓето со омикрон сојот би требало да останат во изолација уште 5 дена по ослабувањето на симптомите

Редакција

Во згрижувачко семејство сместени децата кои беа оставени во автомобил во Ново Лисиче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница