еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Галерија) Планинари чистеа на Водно и наместо да слушаат „браво“, ќе беа посреќни некој да се приклучеше

Здружението Explore The Mountains одлучи денеска 19 јануари да го посвети на чистење на патеките на Водно.

„Акцијата започна со чистење на планинарската патека што води до средно Водно од полициската станица Водно. Потоа следуваше чистење околу паркингот, клупите и останатите реквизити на средно Водно.

На крај поради замрзнтите патеки што водат кон врвот на Водно, волонтерите одлучија да ја исчистат трим-патеката кој води до локалитетот Марково Крувче како и самиот локалитет, каде всушност се собра најголема количина на ѓубре направено од несовесните граѓани“, информираше Владимир Хари Крстевски.

Многумина од луѓето кои ги сретнаа на патеките рекоа само едно „браво“, на некои им понудија и кеси за собирање на ѓубрето, но ќе беа посреќни повеќе луѓе да се приклучеа на акцијата.

Учесниците во акцијата собраа шест вреќи ѓубре, а голем дел од од отпадокот беше стар и веќе „сраснат“ со природата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Штип, Скопје и Кавадарци со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

(Видео) Запознајте ги припадниците на нашите сили кои несебично помагаа по земјотресот во Албанија

Редакција

Две години и три месеци затвор за 21-годишниот Зеќири, кој усмрти десетгодишно дете на „Пластичарска“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница