еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои компании добија државни пари за инвестиции: Ќе се прават македонска моцарела, сладолед, чорапи…

Министерството за економија го објави списокот на претпријатија со кои се склучени договори во текот на 2019 година за финансика поддршка за инвестиционите проекти согласно мерките на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

На листата има и реномирани македонски и странски компании какви што се „Макстил“, „Витаминка“, „Макпрогрес“, „Европа“, „Кробмерг и Шуберт“ и многу други.

Компаниите барале и добиле пари за различни инвестициски проекти какви што се нови производни линии, изградба на објекти, проширување на капацитетите и што уште не.

Меѓу поинтересните се онаа на „Ружин хелти фуд корпорејшн“ за за производство на македонска моцарела.

„Хантерс“ Скопје доби пари за производство на високо квалитетни брендирани чорапи.

„Нехо“ од Скопје доби пари за инвестирање во нова производна линија за сладолед.

„Кромберг и Шуберт“ за зголемување на производството во капцитетите и опрема за потребите на „Дајмлер“ и „Ауди“.

 

Детална листа на сите компании и нивните инвестиции ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) „Боже смилувај се, неможам повеќе, срцето ќе ми пукне“: Потресна снимка од последниот земјотрес во Петриња

Редакција

(Видео) Каролина се враќа на регионалниот пазар со нова песна „Мог живота дио“

Редакција

Буџетот на Општина Струмица за 2023 година 27 милиони евра, на што ќе се трошат парите на граѓаните?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница