еМагазин
Image default
Бизнис

Градежниците очекуваат пораст на бројот на вработени

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2019 година е повисок за 0.6 процентни поени во однос на третото тримесечје од 2019 година, а e повисок за 1.6 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2018 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје. Очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе се зголеми во наредните три месеци.

Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна и во однос на четвртото тримесечје од 2018 година.

Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти, како и финансиската состојба е поповолна во однос на претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: нема побарувачка со 18.2 %, зголемени трошоци за материјали со 17.4 % недостиг на обучен кадар со 16.7 % и зголемени трошоци за труд со 14.7 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата уште не донела одлука дали бизнисменот Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија во Македонија

Редакција

Општина Липково склучи договор со „Ју-бај 2 Амет“ вреден 721.1 илјади евра

Редакција

Клиниката за гинекологија и акушерство вработува 10 лица, плата до 30.796 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница