еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Дали жените од Шуто Оризари повторно ќе останат без матичен гинеколог

Од Иницијативата на жени на Шуто Оризари информираат дека на 22 јануари пред ординацијата на д-р Вјолце Мбјара затекнале известување дека ординацијата е преселена во друга општина, во населбата Сингелиќ. Ординацијата на Мбјара во Шуто Оризари моментално е затворена.

„Го прашуваме министерот за здравство, г-динот Венко Филипче, дали има предвидено решение за овој горлив проблем? Дали е склучен нов договор со друг гинеколог кој што ќе работи во самата општина? Доколку нема, предупредуваме за несаканите последици врз репродуктивното здравје на жените Ромки.

Исто така потсетуваме дека доенечката смртност кај ромската популација е значително повисока во однос на неромското население. Ние, жените од Шуто Оризари, апелираме до надлежните институции – Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да изнајдат решение со цел да се надмине овој долгогодишен проблем. Како и сите жени, така и ние, жените Ромки, имаме право на еднаков и непречен пристап до услуги за репродуктивно здравје“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Херојот Јован Костадинов за првпат раскажа како спасувал повредени во пожарот во Кочани

Редакција

Директорката на Инфективна, Стевановиќ ги објаснува симптомите кај вакцинираните и невакцинираните заболени со Ковид-19

Редакција

(Фото) Министерката Царовска со синот Давид на гроздобер во Барово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница