еМагазин
Image default
Локално

Дваесеттина повредени во судар на автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце

Патници и возачи на автомобил и на автобус се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа на автопатот Куманово-Табановце, информираше денеска МВР.

Сообраќајката се случила во 21.50 на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, пред клучката за Крива Паланка помеѓу автобус „крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(39) од Куманово и патничко моторно возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.М.(28) од Куманово.

Во несреќата двајцата возачи и 19 патници од автобусот се здобиле со телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

-Повредените  имаа телесни повреди, само еден е задржан за понатамошно иследување, изјави доктор Стефан Трајановски, хирург ортопед од кумановската општа болница.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсен пијан велешанец кој сам се пријавил дека искршил табла со натпис „Република Северна Македонија“

Редакција

МВР со детали за давеникот во Охридско Езеро: Пијан влегол во вода со другарите, по што се удавил

Редакција

МВР приведе девет лица барани со потерница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница