еМагазин
Image default
Македонија

Детали од МВР: Идентификувани сопственикот и еден од администраторите на групата „Јавна соба“ на „Телеграм“

Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот на групата „Јавна соба“ со иницијали Д. К. од Скопје и еден од администраторите на групата со иницијали М.П. од Скопје, информираа синоќа од Министерство за внатрешни работи.

– Во текот на истрагата преостанува да се утврдат останатите лица кои имале администраторски и модератороски улоги во групата. Со лицата извршен е службен разговор, а во текот на денешниот ден во соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО ќе се направат дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои располага МВР, се вели во соопштението од МВР.

Од страна на МВР ќе бидат направени дополнителни анализи на содржината која беше споделена во групата со цел утврдување други нелегални активност и сторители, согласно со КЗ.

Паралелно на ова, МВР во соработка со „Телеграм“, презема активности за затворање на групата и добивање други релевантни докази од интерес на истрагата.

МВР апелира до членовите на групата да ја напуштат на своја иницијатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каква апликација е Телеграм, преку која македонски средношколци споделуваат порнографски материјал од малолетнички

Жртва на групата „Јавна соба“ на “Телеграм“ за А1он: Сандачето ми е полно со машки полови органи и прашања колку треба да платат за секс

(Видео) Чулев: Ги бараме одговорните за „Јавна соба“ преку „Телеграм“ во Лондон, објавени 800 фотографии и видеа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Владата се уште собираат информации за начинот како е регистриран клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Редакција

Вкупната бројка 1.117: Регистрирани 36 нови заболени од корона вирусот, 22 во Скопје

Редакција

Присуството на луѓе со транспаренти говори дека процесот се води по нечија агенда, регираат од клиниката Жан Митрев за денешното рочиште

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница