еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Град Скопје не доби лиценца, БЕГ ќе не грее и оваа сезона

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски денеска соопшти дека за две-три недели ќе има конечен став во однос на постапката за издавање лиценца за топлинска енергија на град Скопје, што сега е запрена.

Сегашниот снабдувач БЕГ ќе продолжи да работи оваа грејна сезона.

„Постапката е запрена. Добивме податоци од Град Скопје, се обративме и до Владата и во текот на наредните две-три недели ќе ги разгледаме сите информации и ќе донесеме конечен став за постапката за издавање лиценца.

Како и да е скопјани треба да бидат безгрижни, БЕГ оваа сезона ќе продолжи да си работи и ќе нема промени во текот на грејната сезона“, рече Бислимовски и најави дека по завршување на грејната сезона ќе има конкретни податоци од операторот на дистрибутивниот систем за бројот на потрошувачите кои повторно се вратиле во системот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Регулаторите ќе бараат да не се издава одобрение за градење на зграда без приклучок за парно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Захариева на Бучковски му предложила акционен план за спроведување на Договорот со Бугарија

Редакција

Фрапантни податоци: Државата ја напуштиле 1.200 лекари, а само за три месеци 83 барале потврди за работа во странство

Редакција

Починаа уште 45 лица од Ковид-19, вкупниот број надмина 4.000

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница