еМагазин
Македонија

Косовскиот министер Пацоли именува возач од МНР за дипломат во косовскиот конзулат во Струга

Министерот за надворешни работи во косовската Влада во оставка, Беџет Пацоли, со својата прва одлука во 2020 година, унапреди досегашен возач во неговото министерство за дипломатски службеник во Конзулатот кој Косово неодамна го отвори во Струга, објави весникот „Коха Диторе“.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, со одлука од 23 јануари годинава, досегашниот возач Фарук Битиќи е именуван за втор секретар во косовското конзуларно претставништво во Струга и ќе го започне четиригодишниот мандат на 15-ти идниот месец.

– Фарук Битиќи, со чин втор секретар, се именува да служи во Конзуларната мисија на Република Косово во Струга/Република Северна Македонија, со четиригодишен мандат. Фарук Битиќи ќе започне со извршување на задачите и обврските како втор секретар во конзуларната мисија во Струга од 15. 02. 2020 година, се вели во документот што го обезбеди приштинскиот весник.

Од косовското МНР велат дека чинот втор секретар, кој Битиќи го има добиено со одлука од 2108 година.е соодветен на чинот конзул, така што „унапредувањето е извршено согласно процедурите и законите“.

МИА/Фото: Фејсбук/Пацоли

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час го прекршиле 21 лице, изречени 584 казни за неносење маска

Редакција

ВМРО-Народна партија: Македонските граѓани кои имаат бугарски пасоши се чувствуваат загрозени поради ветото на Бугарија

Редакција

Нови 897 случаи на Ковид-19, оздравени 638, починати двајца

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница