еМагазин
Забава

Кога зрелоста се цени: Суперхикс добија свои восочни фигури!

Суперхикс се на македонската музичка сцена од минатиот век. Имаат направено преку 200 концерти во најмалку 20 до 30 земји низ Европа. На толку музика, песни и фанови, редно време беше да добијат свои восочни поставки во музеј.

Восочните фигури на членовите од Суперхикс се со нивна автентична големина и изгледаат неверојатно реални. Прекрасната изработка на восочните фигури може да им парира дури и на совршените восочни фигури кои што ги има музејот Мадам Тисо во Лондон.

Зрелите музичари сега се на ист ранг со историски и познати личности кои што придонеле за развој на областа во која што работеле и добиле своја восочна фигура.

Суперхикс испишаа историја на македонската музичка сцена со нивните песни и пораки за сите оние кои што се притиснати од секојдневните проблеми, а заборавиле дека треба да им се насмевнат и да продолжат насмеано и храбро понатаму во животот. Секоја чест, Суперхикс!

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Морничаво: Германско-данска серија ја предвиде пандемијата со Ковид-19 пред една година

Редакција

По проекциите во повеќе држави и учеството на бројни фестивали, „Кино Љубов“ ја започнува својата приказна и пред македонската публика

Редакција

Нов сингл „Мегахит“ на групата „Педро хоризонте“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница