еМагазин
Image default
Бизнис

ЕСМ распиша тендер за проширување на Ветерниот парк Богданци

АД ЕСМ објави повик за претквалификација за инженеринг, набавка и изведба – ЛОТ1 (ветерни турбини и фундаменти) и ЛОТ2 (пристапни патишта, кабелска мрежа) за проектот Парк на ветерни електрани Богданци, втора фаза. Рокот за доставување на апликациите на заинтересираните за учество во претквалификацијата е 2 март 2020 година.

-АД ЕСМ ги информира сите заинтересирани компании да се пријават на порталот за е-набавки на GTAI (Germany Trade & Invest) која е економска развојна агенција на Сојузна Република Германија (www.gtai.de).

Заинтересираните компании треба да се регистрираат на порталот во делот наменет за проекти финансирани со кредити од KfW банка и да изразат интерес за овој проект. Набавката и евалуацијата ќе се изведуваат според правилата на KfW банка. Условите за учество се вклучени во документите прикачени на порталот, информираат од Компанијата.

Со втората фаза, додаваат, се врши зголемување на капацитетот на постоечкиот Парк на ветерни електрани Богданци за дополнителни 13,2 до 15 мегавати. Планирана инвестиција на проектот е 21 милиони евра, од кои 18 милиони евра од германската KfW банка и три милиони евра средства на АД ЕСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изборите може да влијаат на економијата, вели министерот Бектеши

Редакција

Денеска последен ден за купување граѓански обврзници од втората емисија

Редакција

Комерцијална банка однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 120 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница