еМагазин
Image default
Македонија

Алијанса за Албанците им нуди предизборна коалиција на Беса и Алтернатива

Алијанса за Албанците ќе прати писмена понуда до партиите Беса и Алтернатива со цел да ги повика на предизборна коалиција, најави синоќа по завршуавњето на Централното претседателтво, партискиот лидер Зијадин Села.

Тој истакна дека оваа понуда е всушност стар договор.

-Ова е став кој датира од вториот круг на локалните избори кога сме пружиле рака и сме се договориле дека кога и да има нови изборите влегуваме заедно во коалиција со таа политичка партија со која тогаш коалициравме, а за жал сега е поделна на две партии.

За нас дадениот збор е важен поради конзинстентноста и сериозноста и пред граѓантие, не е за лични потребни туку за јавен интерес. Да донесеме демократија во албанското општество во Северна Македонија, бидејќи тоа ни фали веќе 18 години со оглед дека живееме во политичкји монизам, изјави Села.

Алијансата за Албанците ќе чека 48 часа на одговор на писмената понуда.

МИА/Фото: Фејсбук/Села

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ременски вели дека одлуката за обвинение против неа е избрзана и апсурдна

Редакција

20 здравствени работници од ГОБ „8 Септември во изолација, Бухова вели дека ситуацијата е под контрола

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори, вели Мицкоски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница