еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите детали: Објавен огласот, кој може да аплицира за субвенции за печки на пелети?

Министерството за економија го објави огласот за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата за 2020 година.

Министерството ќе обезбеди поврат на средства до 50 отсто, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70 отсто, но не повеќе од 25.000 денари за категоријата лица со ниски примања.

Главен услов е купувачите досега да не користеле средства од буџетот за набавка на печки на пелети.

Право на учество имаат лицата со ниски примања кои се вработени или едниот брачен другар е вработен, но нивните приходи да не надминуваат 30.000 денари месечно.

Потоа, лиците со ниски примања кои се пензионери или едниот брачен другар е пензионер и нивните месечени приходи да не надминуваат 20.000 денари, како и лицата што влегуваат во категоријата ранливи потрошувачи согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

Кандидатите треба да поднесат барање и дополнителна документација како доказ.

Повеќе детали ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Oгласот за субвенции за печки на пелети ќе биде објавен утре

Детален преглед: Кои граѓани добија субвенции за купување печки на пелети?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се победничките во изборот „Жена на годината 2022“

Редакција

Состојбата е комплексна и зависи од одлуките што ќе ги донесе Русија, велат од РКЕ за можноста Македонија да остане без гас

Редакција

Еден загинат, а друг македонски државјанин повреден во сообраќајка во Хрватска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница