еМагазин
Забава

Ексклузивен концерт на најголемата гудачка женска светска атракција на сите времиња BOND

„Авалон“ продукција го најави првиот голем концерт за 2020 година, на најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет на сите времиња, BOND, кои, за првпат доаѓаат во Скопје.

Тие ќе одржат гала концерт на 20. март во Македонската филхармонија.

„Квартетот BOND е супербренд со милионска армија на обожаватели низ целиот свет. Нивното музицирање е извонреден чин на пркосење со стиловите. Се сметаат за најпродаван гудачки квартет на сите времиња. Црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, електро, индиските и стиловите од Средниот Исток.

Од првото деби, квартетот, нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика“, има продадено неверојатни пет милиони албуми низ целиот свет, имаат 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија.

Од основањето на квартетот BOND па до денес, имаат огромен број на настапи низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија и секогаш распродадени концерти,“ велат од Авалон продукција.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок (07-ми февруари) во 09 часот наутро и истите ќе може да ги набавите исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории: Classic seats – 1.990 денари, Ultra VIP seats – 2.990 денари.

фото: Авалон продукција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Лемурите во Зоолошката градина се „подновија“ со четири бебиња

Редакција

Кој ќе настапи на Вевчански карневал

Редакција

„Бела ноќ“ ќе се одржи по 20. јубилеен пат во сабота на неколку локации низ Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница