Скопската пицерија „Мама Италиана“ која врши испорака на пици, на нивниот фексбук-профил споделија невообичаено искуство. Пицата била вратена бидејќи била доставена пребрзо.
„7 и пол години постоиме…Дојде денот да дочекаме да ни вратат пица, бидејќи сме ја доставиле премногу брзо! По телефон сме кажале за 25-30 минути, доставена за 15. „Не ја сакам сега пицава, вратете ја оваа назад, сакам нова во 19:15”. Ќе доставиме нова во 19:15 оваа ја мавнавме додека го пишував ова,“, пишува на фејсбук-профилот на „Мама Италиана“.
„еМагазин“ нема рубрика „Верувале или не“, затоа невообичаеното искуство на вработените во пицеријата го објавуваме во „Забава“.
фото: Фејсбук-профил на „Мама Италиана“