еМагазин
Image default
CHECK IN

(Фото) Хотелот „Молика“ на Пелистер преполн со гости привлечени од снегот и сончевото време  

Сончевото време, чистиот воздух  и одлично подготвените скијачки патеки беа доволен мотив, изминатиот викенд хотелот „Молика“ и ски-центарот Копанки да ги срушат рекорди на посетеност.

Гости од Битола и регионот, како и од соседна Албанија имаа можност да уживаат во зимските спортови и во убавините на националниот парк Пелистер.

– Беше вистинско задоволство да се биде сведок на незапаметена посетеност на ски терените на Копанки  и да се почувствува пријатното расположение на гостите. Традиционалната гостопримливост карактеристична за вработените во „Молика“  уште еднаш беше потврдена преку дадените услуги и беспрекорниот сервис и покрај огромниот број скијачи, ски-бордери, планинари  и рекреативци – велaт од менаџерскиот тим на Елемтурс, подружница Хотел „Молика“.

Модернизираната, проширена и реновирана тераса на хотел Молика беше преполна со гости во текот на целиот викенд.

Фото: ЕЛЕМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Крушево доби нов луксузен хотел Панорама спа

Редакција

(Галерија) Кои се најдобрите ресторани во Скопје за 2021 година

Редакција

(Галерија) Што се нуди во Кемер, за претстојната туристичка сезона

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница