еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Бројката на заразени со коронавирус на крузерот во Јапонија каде што има и наши граѓани, достигна 174 лица

Бројката на заразени со коронавирусот на крузерот, кој е во карантин во јапонското пристаниште Јокохама, се зголеми на 174.

На бродот се наоѓаат и тројца наши државјани, кои според македонските власти се во добра здравствена состојба.

Македонската радио-телевизија извести дека, на девојката од Велес која се наоѓа на крузерот и е дел од персоналот ѝ било забрането да дава изјави. Официјалните лица на компанијата, преку која таа е вработена на бродот, изјавиле дека степенот на безбедност е зголемен и на бродот има и медицински персонал кој ја следи ситуацијата.

Крузерот „Дајмонд Принцес” со 3.700 патници е ставен во карантин откако вплови во пристаништето Јокохама и беше откриен случај на заболен помеѓу патниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За само еден ден 100 смртни случаеви: Коронавирусот веќе усмрти над 1.000 лица

Суперпренесувачи го шират коронавирусот низ светот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во акцијата на МВР за заплена на дрога, уапсена и наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ од Аеродром

Редакција

166 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

Скопје домаќин на 2.000 танчери од 22 земји: Започна Светското првенство во латино танци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница