еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Тврдина-Таргет“ затворено за јавноста поради сведочење на вработени во поранешна УБК

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина”, но рочиштето е затворено за јавноста, од причина што ќе сведочат вработени од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Застапниците на обвинението изјавија дека и следните рочишта ќе бидат затворени за јавноста токму од оваа причина.

Предметот е во фаза на презентирање сведоци. Досега во оваа постапка имаат сведочено свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Костовски, поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, поранешниот премиер Зоран Заев и други лица.

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК.

Предметот го води Кривичниот совет составен од судијата Џенета Бегтовиќи и Владимир Туфегџиќ.

Обвинението е застапувано од обвинителите Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново рочиште за „Тврдина-Таргет”

Судење за „Таргет-Тврдина“: Јанкуловски го испрашуваат поранешните колеги

Заев ќе сведочи како ги добил „бомбите“: Продолжува судењето за „Таргет Тврдина“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден сè уште е во бегство: Четворица обвинети за загрозување на сигурноста на 11 полицајци за пукањето во хотелот „Александар палас“

Редакција

Избори на 21 или на 28 јуни: Партиските лидери на нова средба за датум

Редакција

(Видео) Советничка во Општина Кочани им се извини на гласачите и си поднесе оставка, ќе се посвети на повредниот син во пожарот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница