еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Хорор во Скопје: Со нож ја бодел мајка си, па ја запалил

На 21.02.2020 во 16,23 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.С.(47) од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми, бидејќи било пријавено дека околу 15,40 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ тој со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи и повреди, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите, информира МВР.

Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 700 загинати во нападите на Хамас врз Израел

Редакција

Македонија го победи Гибралтар во вториот меч во Лигата на нации

Редакција

Oбезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница