еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

„Телма“: Две лица сомнителни за инфицираност со корона вирусот побегнале од Штипската болница

Двајца пациенти попладнево скршиле прозорец и избегале од штипската болница каде се пријавиле по скорото враќање од Италија, јавува телевизија „Телма“. Информацијата ја потврдил и техничкиот министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Станува збор за маж од Виница и за неговата партнерка, хрватска државјанка кои пред неколку дена стигнале од Италија.

Мажот имал симптоми, и двојката тргнала во Штип на инфективното одделение. Таму пациентот станал агресивен и двајцата избегале откако го искршиле прозорецот. Откриени се во нивниот дом  во Виница, каде според МВР, полициски тим заедно со експерти од Институтот за јавно здравје се обидуваат да ги вратат назад во болницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имунитетот е најдобар сојузник во борбата против корона вирус, како да го подобрите

Пресметавме колкави се шансите секој од нас да заболи од корона вирус и каква е стапката на смртност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фридом хаус: Македонија останува држава со транзициски хибриден режим

Редакција

30-дневен затворски притвор за Рашковски и Станчевски за набавката на софтвер во МВР

Редакција

Нов јапонски амбасадор во Македонија е Оцука Казуја

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница