еМагазин
ЖИВОТ

Февруари за 2,5 степени потопол од просекот, максимално измерената 21,6 степени

Февруарските температури на воздухот во Македонија годинава се повисоки за 2,5 степени во однос на многугодишниот просек од 1981 до 2010 година. Четиринаесет дена во февруари е забележана температура над 10 степени, а највисоката измерена е 21,6 степени во Гевгелија на 2 февруари.

Средната месечна температура на воздухот се движела од 1,5 степен во Маврово до 8,2 во Гевгелија. Ниски температури под нулата се регистрирани на целата територија најчесто во планинските области.

Средната максимална температура е од 7,5 степени во Маврово до 16,1 степен во Гевгелија, додека измерената средна минимална е од минус 3,8 степени во Берово до 2,1 степен во Гевгелија.

Врнежите во текот на февруари биле во рамки на многугодишна просечна вредност.

Просечно сума врнежи во февруари се движи од 15,9 мм во Гевгелија до 102,9 мм во Маврово.

Според распространетоста  на територијата, запазен е трендот, но само во области над 300 метри надморска височина. Временски, врнежите биле застапени во текот на трите декади од месецот, но количински најмногу ги имало во првата декада. Забележани се врнежи од дожд, снег и замрзнат дожд.

Најмногу дожд на дневна основа од 39,8 мм е измерена во Маврово, каде е измерена и највисока снежна покривка од 41 см на 6 февруари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инстаграм-профилот на Бигорски манастир е хакиран, содржините не ги објавува братството

Редакција

Како до квалитетна приватна здравствена услуга, а тоа да не ве чини многу пари?

Редакција

И денеска продолжува потрагата по момчето кое со автомобил падна во Вардар кај Желино

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница