еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски не ги слушнал „бомбите“ за Милошоски, се што имале во СДСМ предале на СЈО

Техничкиот премиер Оливер Спасовски за новообјавените “бомби“ за поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вели дека сите нелегално прислушувани материјали, СДСМ ги предал на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

“Јас не ги слушнав и не знам за што се работи, само знам дека се објавени некакви материјали. Повикувам институциите да истражат, да видат кои материјали се, какви се, од каде се објавени и да преземат соодветни мерки. Нулта толеранција за оваа работа. Институциите треба да работат ефикасно и да ги откријат тие кои ова го прават, и врз основа на тоа да преземат соодветни санкции“, изјави Спасовски.

Милошоски по објавувањето на пет аудио снимки на канал на Јутјуб, на Фејсбук напиша дека истите се од периодот од 2011 година и дека истите се направени од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), кога оваа институција ја водеше поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимките на Јутјуб за Милошоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

И потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски најавува нови „бомби“

Милошоски вели дека „бомбите“ се од времето на Мијалков, на Заев му порача дека ќе го отвори како пупка

(АУДИО) „Пукнаа„ пет „бомби“ за Антонио Милошоски

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црвенковски: ЕУ нема јасен план што со себе, нема простор за надеж за забрзана евроинтеграција

Редакција

Негативен е тестот на медицинското лице од Гевгелија

Редакција

Ослободителна пресуда за новинарот Зоран Божиновски за „Шпион“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница