еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија: Десетгодишно девојче се удави во река во селото Бањица

Десетгодишно девојче, кое вчера околу 9 часот исчезна од село Бањица, Општина Чашка, утрово е пронајдено мртво во матните води на реката Мала Речица под селото Бањица.

Станува збор за десетгодишната Ешуриме Беќирова од село Бањица која вчера исчезна, а што било пријавено и во СВР Велес, потврди за МИА, портпаролот Верољуб Додевски.

Исчезнатото девојче вчера цел ден напорно го барале во водите на надојдената река шестмина припадници на тимот за поплави при Дирекцијата за заштита и спасување од Велес предводени од спасителот Ангел Пановски, информира тој за МИА.

Тој додава дека на копно го барале припадници на СВР Велес и екипа од Територијалната противпожарна единица Велес.

Инаку утрово девојчето го нашле селаните од селото Бањица.

За пронаоѓањето на телото на девојчето во водите на реката Мала Речица, а по вчерашното целодневно напорно пребарување, потврди градоначалникот и Горан Стојановски.

Тој тажната вест утрово ја објави на својот ФБ профил.

-Голема загуба за граѓаните на општина Чашка, училиштето „Тодор Јанев“ во населба Чашка, семејството Беќирови и сите нас. Сочувство до семејството, напиша градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, на „Фејсбук“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се погласни застапниците со бојкот на изборите да се казнат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Денеска треба да почне судењето на Васил Јованов за сообраќајката во која ја усмрти Фросина Кулакова

Редакција

Најголем успех ни е мораториумот на дивоградби, а на мапирањето уште работиме вели Костадиновска Стојчевска за заштитата на Охридскиот регион

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница