еМагазин
Image default
Македонија

Судење за „Рекет“: Боки 13 презентира инстаграм-фотографии како докази

Во Кривичниот суд денешното рочиште за случајот ,,Рекет” започна со презентирање на инстаграм-фотографии како докази од страна на осомничениот Бојан Јовановски – Боки 13.

Тој напомена дека инстаграм-фотографиите можат да се приложат како доказ затоа што на социјалните мрежи се регистрира датумот и времето кога е направена фотографијата.

Боки 13 истакна дека тие предмети што ги опишува се одземени од Обвинителството.

Прикажаните фотографии се направени во период од 2013 до 2019 година.

Осомничениот наведува каква облека, накит, аксесоари или чанта носи на предметната фотографија, како и од кој бренд се предметите и датумот кога е објавена фотографијата на социјалната мрежа Инстаграм.

Денешното рочиште ќе продолжи со приложување на докази од страна на осомничениот Јовановски.
Како што е предвидено, осомничената Катица Јанева на денешното рочиште треба да ги предложи нејзините сведоци.

МИА/Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Армија на Република Македонија стана Армија на Република Северна Македонија

Редакција

Починаа уште тројца пациенти од Ковид-19, вкупната бројка достигна 800

Редакција

Нови 63 случаи на Ковид-19 од 677 тестирања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница