еМагазин
Image default
Локално

Од денеска не работи жичницата и се укинуваат бесплатните автобуски линии до Средно Водно

Градот Скопје ги информира граѓаните дека од денеска (13.03.2020 година) жичницата на Водно нема да работи, во согласност со мерките и препораките за заштита од корона вирусот.

„Од денеска нема да сообраќаат ниту трите бесплатни автобуски линии до Средно Водно (со броевите 25, 25А и 25Б), а во согласност со тоа, во катната гаража „26 Јули“ паркирањето ќе се наплаќа секој ден од неделата, според утврдениот тарифник.

Поради воведените мерки и препораки за заштита од корона вирусот, паркирањето на Средно Водно исто така ќе се наплаќа секој ден, според утврдениот тарифник,“ се вели во соопштението на Град Скопје.

Од таму додаваат дека ќе информираат за секоја промена на новонастанатата ситуација во нашата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради корона вирусот цената на медицинските маски од 8 „рипнаа“ на 40 денари

Поради корона вирусот: Се забранува меѓународен автобуски превоз кон и од ризичните земји

Превентивно од корона вирусот: Како правилно да се самоизолирате дома?

Поради корона вирусот во Дебар и Центар Жупа можно воведување карантин

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Славеле роденден: Двајца приведени за огнометот во Градски Парк

Редакција

Само во Македонија: Дома чувал 51 мигрант

Редакција

Негувателка во градинка во Радишани психички и физички малтретирала дете, изгубило говор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница