„Комерцијална банка“ АД Скопје преку Македонската берза ја известува јавноста дека во изминатиот период преку берзански трансакции правното лице „Адора Инженеринг“ ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со 13.901 обични акции издадени од „Комерцијална банка“ АД Скопје.
„Правното лице „Адора Инженеринг“ ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 280.780 обични акции, односно има учество од 12,32% во основната главнина на „Комерцијална банка“ АД Скопје“, соопшти банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Адора Инженеринг“ ја зголеми сопственоста во Комерцијална банка
Кој е Ванчо Чифлиганец: Од професор до еден од најголемите акционери во Комерцијална банка