еМагазин
Image default
Македонија

Дел од адвокатите за случајот за организаторите на насилствата во Собранието во самоизолација

Дел од адвокатите кои ги застапуваат обвинетите за предметот организатори на „27 април”, со писмо го известиле Кривичниот суд – Скопје дека претходно престојувале надвор од државата, односно како превентива за заштита од вирусот Ковид-19, тие не излегуваат од дома.

Од овие причини денешното рочиште за овој предмет се одложи за 25 март.

Обвинети во овој предмет се поранешениот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

На претходно рочиште обвинетите во воведни говори изјавија дека ова е политички прогон нарачан од извршната власт.

Судењето за овој предмет го води судијата Илија Трпков, додека обвинението го застапуваа обвинителката Вилма Рускоска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет лица починале од корона вирусот во вонболнички услови за една недела

Редакција

Поплавени простории во МРТВ: Владата уверува дека не постои опасност од пожар

Редакција

Црна Гора испраќа хеликоптер Бел 412 да помогне во справувањето со пожарите во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница