еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот се искачи на 17

За едно деноноќие бројот на здравствени работници заболени со коронавирусот од 12 се искачи на 17 лица.

Станува збор за лица од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци и Скопје.

Новите пет лица се здравствени работници од Клиниката за кожни болести, кои имале контакт со поранешната заболена директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска.

Тие биле 16 дена во самоизолација без никакви симптоми, но на контролниот тест биле позитивни.

Здравствените работници се дома и се во добра здравствена состојба и ќе останат во самоизолација.

Од стотината здравствени работници кои беа во контакт со поранешната директорка до вчера се тестирани околу 30 лица, а тестирањето на здравствените работници ќе продолжи во групи во следните денови.

Во тек се проверки и на лица вработени во Одделението за трансфузиологија во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велес и Прилеп нови места со лица заболени од коронавирусот: Како изгледа мапата по градови

Сите детали: Најголем дел од новозаболените од коронавирусот се на возраст од 50-59 години

Не е сосема сигурно дека коронавирусот ќе исчезне во летниот период

(Видео) Попови од возило ги прскаа улиците на Велес со света вода „против“ корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Државниот врв не разгледувал враќање на задолжителниот воен рок, ниту таква можност е отворена за во иднина

Редакција

Преглед на состојбата по македонските болници каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

„Добитници“ и „губитници“ на Македонската берза во февруари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница