еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

14 заболеле во болница: Бројот на здравствени работници со коронавирусот порасна на 21

Бројот на заболени со коронавирусот во Македонија според последните податоци изнесува 219 лица.

Бројот пак на здравствени работници заболени со коронавирусот за 24 часа од 20 порасна на 21 лице, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Од овој број, 14 се заболени во болнички/амбулантски услови„.стои во анализата на податоците од страна на ИЈЗ.

Засега нема официјални податоци од каде се четворицата новозаболени здравствени работници во последните два дена.

Познато, официјално, е дека позитивни на коронавирусот се здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци и Скопје.

Дел од здравствените работници, официјално, 5, се поврзани со поранешната заболена директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска.

Деновиве се тестираат здравствени работници поврзани со овој случај, медицински персонал во Заводот за рехабилитација во Скопје, кои се во врска со првиот случај на коронавирусот во Тетово, како и проверки и на лица вработени во Одделението за трансфузиологија во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири деца во Македонија се заболени со коронавирусот

Секојдневно се менува: Како изгледа мапата на заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Детален преглед: Број на заболени со коронавирусот по скопските општини

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски во Вилнус се сретна со Мицотакис: Грција останува силен партнер на Македонија на патот кон ЕУ

Редакција

Управниот суд ја прифати жалбата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, ќе се прегласува во Дебар

Редакција

(Вознемирувачко видео) Русите употребија солзавец против Украинците кои протестираат во окупираниот Херсон

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница