еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Лимони има, а трговците на големо и мало да не манипулираат со цените

Граѓаните да не креваат паника, зашто лимони и друго јужно овојше има, а трговците на големо и на мало да не се обидуваат да прават манипулации со цените. Да ја почитуваат договорената маржа од 10, односно 15 проценти, порача денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Тој напомена дека цената на лимоните треба да изнесува 70 до 110 денари, како што била до 11 март. Граѓаните, пак, кога пријавуваат, треба да бидат конкретни, да кажат точно за кој продажен објект се работи, на која улица и број. За тоа, потенцира Пауновски, служи бројот 191.

-Цената на лимоните е намалена кај сите малопродажни објекти по контролите до петокот. Проблем имаме со увозниците, со трговците на големо. Контролите се во тек, двајца се веќе казнети. Имаме зголемување на увознта цена.

Големотрговците кои се, за жал, само четворица, да знаат дека секое непочитување на владината одлука ќе значи нови, поригорозни мерки. Затоа, апел до нив да ја почитуваат одлуката и највисоката маржа да биде единствена, 10 отсто, како што е утврдено. Да не прават манипулации. Пиљарите, пак, да не се обидуваат да стават цена поголема од онаа со маржа 15 проценти, истакна Пауновски.

Во таков случај, нагласи, инспекторите ќе мора да почнат да казнуваат, а тоа никому не оди во прилог, ниту на граѓаните, ниту на државата.

-И досега има преку 100 пријави до судот, но граѓаните од тоа немаат корист. Затоа апелот е да се почитуваат одлуките за безболно да ја поминеме кризата, напомена директорот на Инспекторатот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Срамота: Шеесетина трговци неосновано покачиле цени на производи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„До ова не требаше да дојде„, вели креаторот на vaksajns.mk по информативниот разговор во полицијата

Редакција

Илон Маск стана газда на Твитер

Редакција

(Фото) Заев на прием кај Кралицата Елизабета, заедно со лидерите на земјите-членки на НАТО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница