еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лекар од струмичката болница одбил да направи интернистичка анкета со граѓаните донесени во карантин

Лекарот Гоце Христов, специјалист интернист од струмичката болница, синоќа одбил да направи интернистичка анкета со граѓани кои се донесени во карантин во хотелот „Цар Самуил“, во Бања Банско, информираше денеска директорот на ЈЗУ „Општа болница Струмица“, Наќе Гогов.

-Од Министерството од нашата болница беше побарано да се направи интернистичка анкета од специјалист доктор интернист за да бидат запишани сите хронични болести и лекарства кои ги земаат некои од граѓаните.

Јас му се јавив на докторот Гоце Христов, кој рече дека не може да оди заради тоа што имал мало дете и требало да и даде инфузија на баба му. Откако тој одби формиравме друг тим, кој успешно ја заврши задачата, рече Гогов.

Тој додава дека за лекарите имаат обезбедено целосна заштитна опрема, а на наше прашање дали ќе преземе нешто против лекарот, директорот Гогов одговори дека дополнително ќе одлучат какви мерки ќе преземат.

Обидите да добиеме став од лекарот Христов беа безуспешни. До објавувањето на веста не одговори на повиците и пораките.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Први случаи на заболени со коронавирусот во Струмица и Гевгелија

Први случаи во Струмица и Гевгелија: Како изгледа мапата на заболени со коронавирусот по градови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Како ќе изгледа новиот комплекс „Ист гејт“ што ќе се гради на поранешен Скопски саем

Редакција

Ангелка Пеева Лауренчиќ можен кандидат на ЛДП за претседателските избори

Редакција

Ставен под контрола пожарот кај Неготино

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница