еМагазин
Македонија

Се зголемуваат капацитетите за тестирање: Од денеска во функција е пунктот во Поликлиника Млин Балкан

Министерството за здравство инфомира дека од денеска е во функција уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Млин Балкан.

„Граѓаните на Скопје можат да се тестираат во четирите пункта во: Поликлиниките Јане Сандански, Ченто, Чаир и Млин Балкан.

Со ова, двојно е зголемен капацитетот за тестирање во Скопје.

Од минатата недела во функција се и пунктовите во градовите: Штип, Тетово, Струмица, Прилеп, Охрид, Куманово, Кочани, Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Струга,“ информираат од Министерство за здравство.

Граѓаните одат во пункт за тестирање само во точниот термин, закажан преку нивниот матичен лекар, а не директно во пунктот.

Граѓаните кои имаат симптоми на КОВИД-19, но и тие без симптоми треба да се јават кај својот матичен лекар и точно и вистинито да одговорат на епидемиолошката анкета.

Согласно ова, матичниот лекар врз база на евалуација на здравствената состојба и податоците го спроведува тестирањето, односно укажува на тоа дали кај пациентот е потребно тестирање.

Во овој процес, вклучени се близу 1.200 матични лекари кои освен за детекција се задолжени и за следење на пациентите.

До крајот на неделата почнуваат со работа и други пунктови ширум државата во здравствените домови согласно големината на градот, што всушност значи трикратно зголемување, како што информираше на вчерашната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да даваат веродостојни и точни информации во епидемиолошката анкета за нивната здравствена состојба, како и да ги почитуваат мерките од надлежните институции за заштита од коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебар, Скопје и Куманово во 4 фаза, какви се проценките на ризикот за ширење на коронавирусот

35 случаи на здравствени работници заболени со коронавирусот, 26 се заразиле во болница

Какви се обврските на матичните лекари кон заболените од корона вирусот

(Видео) Ако имате сиптоми типични на коронавирусот, јавете се на матичниот доктор!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објектот е купен со кредит што ќе го отплаќаме 20 години, реагираат од „ЕТЦ травел“ на пресот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Завршни зборови за Јанкулоска во „Тенк“, нови рочишта за „Тотал“, „Тортура“ и „Тарифа“

Редакција

Уставен поведе постапка за оценување на членот 11-а од дополнувањето на Законот за помилување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница