еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

Холандска поддршка за набавка на тестови за коронавирусот развиени од Меѓународната агенција за атомска енергија

Холандија ќе даде поддршка за Македонија преку набавка на тестови за коронавирусот базирани на нуклеарна технологија кои се развиени од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Светската здравствена организација.

Како што соопштија од Холандската амбасада, се очекува тестовите да пристигнат во државата во наредните неколку дена.

Тестовите се базираат на технологијата позната како реверзно транскрипциона полимеразна верижна реакција (real time RT-PCR), во моментов најсензитивната метода за детектирање на вирусот.

МААЕ има опширно искуство во пренесувањето на знаење и на материјали. Технологијата користена за овие тестови е првично воспоставена за потребите на ветеринарниот сектор заедно со Организацијата за храна и земјоделство, а потоа доразвиена и искористена во рамките на справувањето со епидемиите на ЗИКА и ебола.

-Запирањето на пандемијата на коронавирус е од општ интерес за човештвото. Треба да работиме заеднички на глобално ниво за да ја ставиме под контрола , изјави холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок.

Вкупната холандска поддршка за тестовите за коронавирус од МААЕ кои ќе бидат дистрибуирани во  Македонија, Украина и Мароко изнесува 500.000 евра, наведуваат од Амбасадата на Холандија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворено првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца во социјален ризик

Редакција

Компанијата „Екотип“ донираше и засади зимзелени садници во кампусот на техничките факултети во Скопје

Редакција

Мукаетов за добивањето на Орденот на заслуги: „Oва ќе биде мој мотив да продолжам по истиот пат и понатаму“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница