еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Антонио Милошоски доби принова: Синот Филип петто дете во неговото семејство

Политичарот Антонио Милошоски, поранешен пратеник и министер за надворешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ доби син.

„Драги пријатели, во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко!

Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските.

Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим!“, напиша Милошоски на својот Фејсбук-профил.

Фото:Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штрајк на матичните лекари поради новина во „Мој термин“, за која никој не ги известил

Редакција

Проф. Трајковски: Како ќе се намалува заштитата од вакцините, така ќе се појавуваат нови случаи преку целата есен и зима

Редакција

Денеска сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница