еМагазин
Image default
Локално

Куманово воведе дополнителна телефонска линија за ранливи категории граѓани

Општина Куманово воведе уште една телефонска линија, 075 323 569, каде социјално најзагрозените семејства ќе можат да се пријавуваат за пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена и дезинфекција.

Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации (информации за дежурни аптеки, дежурни маркети, начин на спроведување на услуги на институциите во градот, мерките и препораки донесени од Влада и од Општинскиот штаб за заштита и спасување).

Општина Куманово воведе услуга за асистенција на болни и изнемоштени граѓани. Овие категории на лица ќе можат да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 71 94 94, по што од страна на лице од општината  и Црвен Крст ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови, а за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците.

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетник во Аеродром нападнат од други малолетници, еден од нив снимал со мобилен телефон

Редакција

Само во Македонија: Го украле државното знаме од јарбол кај жичарницата на Водно

Редакција

Бесплатен превоз до скопскиот аеродром за пречек на ракометарите на Вардар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница