еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца странски државјани досега починаа од коронавирусот во Македонија

Според официјални податоци во Македонија досега од коронавирусот починаа двајца странски државјани.

Едниот, маж на 44 години, почина вчера во Кавадарци. За сега нема официјална информација од која земја е, а познато е дека имал четири месечен престој во земјава.

Тој починал во неговиот стан. Кај него постмортем е земен брис и истиот потврдил присуство на корона вирусот.

Порталот ТВ Нова објави дека тој бил албански државјанин и дека работел во градежништвото.

Пред неколку дена пак во Скопје почина државјанин на Косово, кој исто така имал четири месечен престој во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: 12 лица од новозаболените со коронавирусот во Македонија имале контакт со потврден случај

Детален преглед: Број на починати и заболени со коронавирусот во Македонија по градови

(Фото) Синот на српскиот претседател Вучиќ заболен од коронавирусот

Починатиот маж од коронавирусот во Кавадарци е странски државјанин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Во телефонот на Катица пронајдени необјавени селфиња на Боки13„: Твитер реакции за „изгубениот“, па најден мобилен на Јанева

Редакција

Советот на јавни обвинители сè уште не добил на писмено потврда од Фетаи дека се повлекува од трката за за шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје

Редакција

Клиничката болница Штип бара вработување на околу 50 лица, меѓу кои и 15 лекари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница