еМагазин
Македонија

Прв случај на позитивен на корона вирусoт во Пробиштип

Во Пробиштип е регистриран прв случај на лице носител на Ковид 19, информираше денеска градоначалникот на Драган Анастасов. Тој апелира граѓаните да не креваат паника и да се почитуваат мерките за заштита.

„Минатиот месец информиравме за лице кое беше дојдено од Скопје, на кое откако му беше потврдено дека е позитивно на вирусот, лицата со кои имаше воспоставено контакти беа во самоизолација изминатиот период.

За жал, едно од тие лица е позитивно на корона вирусот. Истото лице ќе остане на домашно лекување, бидејќи се чувствува добро“, вели Анастасов.

Тој додаде дека општината ќе продолжи со спроведување на сите заклучоци и мерки и оти на денешната седница на Советот е донесена одлука за измена и дополнување на Програмата за заштита и спасување со зголемување на средствата, така што општината е подготвена да ги преземе сите потребни мерки за заштита на населението.

„Воедно упатувам апел до сите наши сограѓани, согласно сериозноста на состојбата, да се воздржат од патувања во други градови, а на оние наши граѓани кои живеат и работат во други општини, да останат таму за претстојниот период што ни следи, бидејќи водиме битка со многу лош и непредвидлив вирус, кој секојдневно кажува дека нема правила“, вели Анастасов.

Во изминатиот период во општина Пробиштип контиунирано се врши дезинфекција, затворен е Градскиот пазар, игралиштата, а на вработените во сите институции им се дадени заштитни маски. Обезбедени се и прехранбени пакети на семејствата од социјален ризик.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 663: Нови 46 случаи позитивни на коронавирусот, најмногу во Куманово

(Мапа) Куманово се поблиску до Дебар по бројот на заболени со коронавирусот

72 здравствени работници во Македонија позитивни на коронавирусот

Министерство за здравство објави листа на донатори кои помогнале со опрема и финансиски средства за време на корона кризата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во Косово уапсен Алил Демири, обвинет за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Редакција

(Фото) „Огнената група“ на средба кај Ахмети: Лидерот вели дека партијата е национално богатство и меѓучовечките односи мора да се средат

Редакција

За само неколку часа повеќе од 8.000 граѓани се регистрирале за вакцинација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница