еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Аларамантно: 106 здравствени работници во Македонија заболени од коронавирусот

Продолжува да расте бројот на здравствени работници во Македонија кои се позитивни на коронавирусот.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се 106 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно со податоци до 10.април.

До 9. април оваа бројка беше 95, до 8. април 82, до 7. април 72, до 6. април 69, до 5. април, 63, а до 3. април 57.

Познато е дека позитивни на коронавирусот се/беа здравствени работници од болници во Штип, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.

Заболени здравствени работници има/имаше од Клиниката за кожни болести во Скопје, Клиниката за кардиологија во Скопје, Клиниката за инфективни болести во Скопје, Итната медицинска помош во Скопје, Здравствен дом Скопје, Завод за рехабилитација Скопје, болницата во Куманово, приватната болница „Плодност“ во Битола, Педијатриската амбуланта во Дебар, болницата во Кавадарци, болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Чаир, Скопје, болницата во Прилеп, болницата во Гостивар…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем дел од починатите од коронавирусот во Македонија се на возраст над 60 години

(Мапа) Кумулативната инциденца во Куманово над 127, расте и во Штип и Кочани

Детален преглед: Најмногу починати во Куманово, а најмногу заболени од коронавирусот во Скопје

Сите детали: 13 лица од новозаболените од коронавирусот во Македонија имале хронична и здравствени состојби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помилувањето ги засени хонорарите: „СЈО е мртво, да живее Уставен!“

Редакција

Градежник почина во Кавадарци

Редакција

Отец Пимен за Денот на независноста: Како тоа сите толку многу ја сакаме Македонија, а толку многу се мразиме како Македонци меѓусебно

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница