еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во Дебар десет дена без новозаразени со Ковид-19, контролните пунктови се повлекуваат

Во Дебар и во изминатото деноноќие нема новодијагностицирани со Ковид-19, со што позитивен случај не е регистриран веќе десетти ден.

Последните два случаја позитивни на Ковид-19 беа потврдени на 4 април, а отогаш до денеска нема нови случаи. Исто така, и пред тоа три дена по ред немаше новодијагностицирани.

Бројот на заразените останува 49, од нив двајца се од Центар Жупа, односно првозаразените сопружници, кај кои болеста беше дијагностицирана по нивното пристигнување од Италија.

Од вкупниот број 16 се излекувани, 29 се на домашно лекување при што за осум од нив се чека резултат од второто тестирање.

За жал четворица починаа, од нив тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа.

Дебар беше првото жариште на коронавирусот, па со одлука на Владата на 13 март беше прогласена кризна состојба за општините Дебар и Центар Жупа.

Контролни полициски пунктови беа поставени кај месноста „Бошков Мост“ на регионалниот пат Дебар-Маврово, како и во близина на хидролектраната „Глобочица“ на патот кон Струга, поради тоа што на тој дел се приклучува кракот на патот кој води до селата од Жупа. По денешната одлука на Владата контролните пунктови се повлекуваат.

Кога беше прогласена кризната состојба, од 13 заразени колку што имаше во државава дури 11 беа од овие општини, девет од Дебар и двајца од селото Баланци, општина Центар Жупа. Во оваа општина освен првозаразените двајца сопружници до сега нема други заразени ниту сомнителни лица.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе ја „оплескаме“ ли со коронавирусот за Велигден?

Општините Центар Жупа и Дебар излегоа од карантин

Во Боговиње има 7, во Брвеница и Теарце по 5, а во Желино има 1 лице заболено со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Реакција за милион долари по спорната изјава на премиерот Зоран Заев

Редакција

Анализа на Телма: Чиста преговарачка рамка за Албанија, македонската условена и преседан

Редакција

Само еден од новопочинатите од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница