еМагазин
Image default
Бизнис

Градежна офанзива сред корона-кризата: За 62,1 отсто зголемен бројот на одобренијата за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2020 се издадени 248 одобренија за градење, што е за 62.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.049.564.000 денари, што е за 158.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 137 (55.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 33 (13.3%) за објекти од нискоградба и 78 (31.5 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 248 објекти, на 130 (52.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 118 (47.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 336 станови со вкупна корисна површина од 28.384 м2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оилко откупи сопствени акции

Редакција

Агенцијата за поддршка на претприемништвото вработува десет лица, плата до 25.023 денари

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на МВР за набавка на екстра лесно гориво вреден 1,3 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница