еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се проверува дали има одговорност кај градоначалникот Димитриевски оти не им кажал на премиерот и министрите дека се тестирал

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска почнал вонреден инспекциски надзор во Куманово во врска со вчерашните настани, потврди за МИА директорката на ДСЗИ, Ирина Сотирова Бухова.

Сотирова Бухова кажа дека надзорот трае и дека засега нема што да соопшти.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вчера соопшти дека е позитивен на коронавирусот, како и повеќе членови на општинскиот кризен штаб.

Ден претходно во средба со него и со членовите на општинскиот кризен штаб имаа премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, а Максимовски потоа имаше и изјава за медиумите.

По објавувањето на оваа информација Спасовски, филипче, Османи, како и други ченови на владината делагација, но и новинари и сниматели се во самоизолација.

Во Куманово бројот на заболени од коронавирусот до денеска е 310, а починаа над десетмина. 

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Мали се шансите да сум заразен, но одлучив да работам од дома

Во самоизолација оди премиерот Оливер Спасовски

Османи оди во самоизолација, и покрај проценката на епидемиолозите дека бил заштитен

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заболен од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната сметка за струја од 1 јули пониска за 4,26%, доколку ДДВ-то се врати на 18% повисока за 2,5%

Редакција

Анкета на Телма и МЦМС: Граѓаните не го оправдуваат азилот на Груевски, вината за неговото бегство ја лоцират кај МВР

Редакција

ССНМ: Државните институции да обезбедат безбедни услови за новинарите и медиумските работници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница