еМагазин
Image default
Локално

Жител на Липково по вербална расправија со нож усмрти соселанец

Б.С. (43) од село Липково е приведен откако по претходна вербална расправија, физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати го прободел Ј.С. (43) од село Липково, по што Ј.С. починал.

Во Секторот за внатрешни работи во Куманово, синоќа околу 19.00 часот од страна на доктор од Јавната здавствена установа Куманово, било пријавено дека кај нив од страна на Итна медицинска помош било донесено починато машко лице со убод од нож.

По пријавувањето на настанот, соопшти денеска МВР, увид на самото место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.

По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Б.С. е приведен и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Му се заканувал на нотар оти не сакал да му завери невалиден документ

Редакција

Кривична пријава против обезбедувачот во „Сити мол“ за лажна пријава на бомба

Редакција

Пожар во фабрика за пелети во Виница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница