еМагазин
БЕСПАРИЦА

Бислимовски: Граѓаните погодени од корона кризата сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати без камата

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски во интервју за Радио Слободна Европа, најави дека граѓаните кои се погодени од корона кризата, односно земаат минимални плати, сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата.

Тој информира дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигнуваат порамнителните сметки за топлинска енергија кои пак ќе бидат намалени за најмалку 20 проценти.

Според Бислимовски, рано е да се каже дали цената на струјата ќе остане непроменета.

Во однос на комуналните претпријатија, потенцира дека тие сами треба да одлучат имајќи предвид дека едно комунално претпријатие извршува повеќе дејности, како на пример Водовод Скопје испорачува фактура и за Комунална хигиена и за Паркови и зеленило итн., исто така и во другите градови во државата, но упатуваат апел до потрошувачите, особено овие сметки да се покриваат редовно, имајќи предвид дека трошоците за овие сметки реално се најмали во однос на останатите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од почетокот на годината минималната потрошувачка кошничка пораснала за илјада денари

Редакција

Прво да се потрошат залихите па ќе се намалат цените, вели Бектеши

Редакција

Лани, цените на сите енергенси го достигнаа историскиот пик, вели Бислимоски

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница