еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во Прилеп денеска нема регистрирани нови заболени од корона вирусот

Во Прилеп денеска нема регистрирано новозаболени лица од коронвирусот, што значи дека останува досегашната бројка од 117 евидентирани случаи, информираат од прилепската локална самоуправа.

Во Инфективното одделение од градската болница „Борка Талески“ се хоспитализирани 18 лица позитивни на Ковид-19, од кои 16 се со лесна клиничка слика, а две лица се на повремена кислородна поддршка.

Во изолација се наоѓаат 4 лица сомнителни на коронавирусот, земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 496 лица.

Во деновите од викендот, од петокот до денеска, евидентирани се 10 нарушувања на полицискиот час.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа тројца пациенти од корона вирусот, помеѓу кои и 46-годишна жена која долго била на механичка вентилација

Убава вест: Бројката на излекувани од корона вирусот до денес изнесува 200

Вкупно 1.225 заразени од корона вирусот: Потврдени 18 нови случаи, половина од нив во Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште тројца починати на инфективното одделение во болницата во Велес

Редакција

Сиљановска Давкова отишла да пие кафе со Радев затоа немало македонско знаме, вели советникот на Радев

Редакција

Боки 13 ги виде доказите за „Рекет“: Не е јасно зошто не му го дале исказот на Зоки-Кичеец

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница