еМагазин
Image default
Бизнис

Иноватори од Кавадарци и Кочани почнаа со производство на тунели за дезинфекција

Иноватори од Кавадарци и Кочани почнаа со производство на тунели или комори за дезинфекција.

Професорот Димитрија Ангелков од Кавадарци вели дека коморите се идеални за дезинфекција на луѓето при влез во продавница, банка, училиште, институција,…

Како што објасни, системот троши минимално количество дезифициент зашто сензор ја определува висината на лицето и во зависнот од тоа се активираат соодветен број прскалки и количество на дезифициент. Може да се користи кое било средство за дезинфекција во зависност од можностите на клиентот.

„Ние експериментиравме со раствор на сол и вода. Во банките во Италија поставуваат крпи поставени во солена вода на рачките од влезните врати. Солта не дозволува вирусот да живее. Еве една сугестија за сите да го користиме ова решение на рачките од влезните врати“, нагласи Ангелков.

Според него, системот има мала тежина и се покажал во пракса како идеално средство за брза, лесна и економична дезинфекција.

„Паметната дезинфекција почна благодарение на прифатениот предизвик од мојот партнер Ѓорѓи Додевски од Кочани. Спојот од фирмите „Креатива” и „Интерактивна иднина” придонесе за развој на паметна дезинфекција“, додава професорот, кој е доктор на електротехнички науки со бројни иновации и награди.

МИА/Фото: Фејсбук/Ангелков

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Градоначалникот на Чешиново-Облешево негативен на корона вирусот, од утре почнува со работа

Во Прилеп пет нови случаи на заболени од корона вирусот

Вицепремиерот Османи и министерот Адеми негативни на коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Швајцарската авиокомпанија „Еделвајс“ најави летови Цирих-Охрид од април годинава

Редакција

Комерцијална банка за менаџерскиот тим лани одвоила 2,5 милиони евра

Редакција

Прилепски „Тутунски комбинат“ лани оствари добивка од 39,2 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница