еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По лабавиот полициски, жесток политички час: Ќе има ли избори?

Дали по намалувањето на рестрикциите за движење поврзани со спречување на ширењетето на корона вирусот и најавата за бавно враќање во нормален живот ќе следи продолжување на постапката за одржување на изборите во летните месеци е прашање кое заслужува внимание со оглед на тоа што вонредната состојба би требало да заврши кон средината на мај.

Имено, изборите требаше да се одржат на 12 април, но беа одложени со консензус на сите политички партии поради заканата од смртоносната болест.

Сега активна е иницијатива која ја потегна СДСМ за повторно собирање на распуштеното Собрание со образложение дека тоа е потребно да се легитимира вонредната состојба и работата на техничката Влада, а посебно нејзината борба против корона вирусот.

За ваквата иницијатива ВМРО-ДПМНЕ се изјасни против, а ДУИ остана воздржана. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата, Стево Пендаровски да свика лидерска средба за иницијативата на СДСМ и коалициските партнери кои бараат повторното свикување на Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека изборите не се приоритет со оглед на тоа што програмата ќе треба да се ревидира согласно новонастанатата состојба.

Од друга страна, претседателот на Собранието, Талат Џафери се уште не одговори на барањето за повторно собирање на пратениците, а според деловникот и законите, нема обврска, ниту рок да го стори тоа. Досега Џафери неколку пати го изнесе својот став, дека повторното свикување на Собранието би било противуставно.

Впечаток е дека како што се релаксира состојбата со корона вирусот политичките партии повторно доаѓаат на сцена со нивните препукувања.

Факт е дека избори кога тогаш ќе мора да има, а најверојатно на средба меѓу лидерите ќе се решава дали тие ќе се одржат во јуни, како што веќе се шпекулира во јавноста или ќе бидат оставени за наесен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ поднесе барање до Собранието за свикување итна седница

Ќе се собере ли Собранието: СДСМ „за“, ВМРО-ДПМНЕ „против“, ДУИ допрва ќе се изјаснува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

50 македонски државјани се уште се таму: Дипломатска екипа не МНР ќе патува за Украина

Редакција

Русковска бара помош од САД, ЕУ и европската обвинителка Ковеси поради притисоци од директорот на Финансиската полиција

Редакција

Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница